Достапни линкови

logo-print

Меѓународната коалиција нападнала воена база во Сирија?


Сирискиот претседател Башар ал Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад

Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад ја обвини меѓународната коалиција предводена од САД за спроведување на воздушни напади врз сириски воен камп при што загинале тројца војници, а 13 биле повредени. Владата испратила и протест до ОН за нападите во кои биле уништени и вооружени возила, тешко оружје и депо за муниција. Портпаролот на меѓународната коалиција, полковникот Стив Ворен ги негираше обвинувањата.

XS
SM
MD
LG