Достапни линкови

Експертите во ДИК нов камен на сопнување


Седница на сегашниот состав на Државната изборна комисија (ДИК).

Седница на сегашниот состав на Државната изборна комисија (ДИК).

Се надмина рокот во кој требаше да се избере новиот состав на ДИК. Партиите запнаа кај експертите. Комисијата до изборите има многу работа, меѓудругото треба да го прочисти списокот и теренски и тоа во зимски услови.

Кои тројца членови на Државната изборна комисија од пријавените експерти ќе бидат дел од новиот состав е прашањето поради кое повторно се кочи спроведувањето на пржинските документи.

Ако треба во една реченица да кажам-јас сум скептичен во однос на тоа дека ќе може прецизно и точно да се прочисти избирачкиот список.

Неформалниот рок за договор меѓу партиите бил први декември, брифираат извори од опозицијата вклучени во разговорите на работната група, кои сугерираат дека неделава е клучна за постигнување договор, бидејќи потоа доаѓаат празници за странските олеснувачи, па за домашните политичари и може сериозно да се одолговлечи процесот.

Според Ненад Марковиќ од Правниот факултет премногу оптимистички биле процените уште при постигнувањето на договорот дека се ќе се стигне да се заврши до април вклучително и прочистувањето на избирачкиот список.

„Тука е и факторот теренска работа која ќе се одвива во зимски услови така што претстојат јануари, февруари и март што само по себе ќе одземе многу време за да се заврши тоа што треба. Ако треба во една реченица да кажам-јас сум скептичен во однос на тоа дека ќе може прецизно и точно да се прочисти избирачкиот список. Ова беше работа за која требаше да се остави најмалку една година а која треба и методолошки да се обмисли и континуирано да се прави“, вели Марковиќ.

Новиот состав на Државната изборна комисија кој ќе треба да врши проверка на избирачкиот и со теренски и со вкрстување на податоците насоките за како тоа ќе го прави треба да ги добие од четирите партии кои претходно ќе се усогласат предвидуваат измените на Изборниот законик. И тоа според истите извори од опозицијата може да биде одолговлечено поради неможноста на партиите брзо да се договорат а дополнителен проблем може да биде и изборот на генералниот секретар на ДИК кој ќе има и зголемени ингеренции. Според аналитичарот Алберт Муслиу сепак клучна е политичката волја која досега се покажало дека ја нема кај партиите особено како што вели кај владејачката.

„Јас не гледам некоја сериозна политичка волја освен изјави некои и тенденција пак да се префрли вината така што верувам дека како што ќе поминува времето ќе почнат сериозни некои размислуваа и за евентуална промена на датумот на предвремените избори за да може се што е потребно да се сработи. Сепак се надевам дека нешто ќе се смени во овој краток временски период за да може сериозно да се пристапи кон тие промени што треба да се случат за да влеземе сериозно, транспаретно, демократски во целиот тој изборен процес“, вели Муслиу.

Освен прашањето за Државната изборна комисија деновиве е закочено и прашањето за медиумите, па преговорите поврзани со нив не се знае кога ќе резултираат со договор иако според договорените рокови тој требаше да биде постигнат уште минатиот месец.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG