Достапни линкови

Оценка на обвинителниот акт за „ Дива населба“


Оштетени куќи во Дива населба во Куманово после полициската акција против вооружена група.

Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да биде одржана јавна седница за „оценување на обвинителниот акт“ против лицата кои учествуваа во мајскиот инцидент во кумановската Дива населба.

Во обвинението стои дека 29-мината уапсени, двајца кои избегаа и уште десетмина кои загинаа во Дива населба, на почетокот на годината почнале со организација на терористички активности кои кулминираа со крвавата пресметка на 9-ти и 10-ти мај. Целта им била да предизвикаат чувство на несигурност и страв меѓу граѓаните.

Во инцидентот загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесеттина беа тешко повредени.

XS
SM
MD
LG