Достапни линкови

logo-print

Во Ерменија одобрени промени на Уставот


Централната изборна комисија на Ерменија соопшти дека првичните резултати од вчерашниот референдум покажуваат дека гласачите ги одобруваат промените на Уставот. Со нив земјата би требало од претседателски да премине во парламентарен систем. Скоро 63 насто од гласачите биле за уставните промени што ги предложи претседателот Серж Саркисијан. Опозицијата оцени дека овие промени ќе му овозможат на Саркисијан да остане на власт и откако ќе му заврши неговиот последен мандат кој истекува во 2018 година.

XS
SM
MD
LG