Достапни линкови

logo-print

Обама вети дека ИД ќе биде уништена


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека неодамнешното пукање во Калифорнија кога загинаа 14 луѓе било терористички напад и оти двајцата напаѓачи „тргнале по темниот пат на радикализација“. Во телевизиското обраќање од Белата куќа, што е негов трет таков говор во досегашниот седумгодишен мандат, Обама оцени дека заканата од тероризмот еволуира, но вети дека екстремистичката терористичка група Исламска држава ќе биде уништена. 13 минутниот говор следуваше откако еден брачен пар изврши напад во еден центар за социјална грижа во Сан Бернардино, Калифорнија при што загинаа 14 лица, а над 20 беа ранети. Обама ги повика муслиманските заедници во светот да го отфрлат радикализмот и идеологијата на ИД, како и да и се приклучат на борбата против тероризмот.

XS
SM
MD
LG