Достапни линкови

Чавушоглу:Кризата во односите меѓу Турција и Русија не влијае врз дијалогот со ЕУ


Кризата меѓу Турција и Русија, која се појави поради соборувањето на 24 ноември на рускиот бомбардер Су-24, нема да се одрази врз односите меѓу Анкара и Европската унија, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во интервју за агенцијата ТАСС.Членството на ЕУ е наш стратешки избор. Односите на Турција и ЕУ имаат над 50-годишна институционална историја со длабоки корени,нагласи Чавушоглу кој додаде дека преговарачкиот процес со унијатапродолжува. Според него односите меѓу Турција и ЕУ се развиваат по сопствена динамика и не се под влијание на тековните политички случувања.

XS
SM
MD
LG