Достапни линкови

Повеќе од 30 припадници на ИД убиени во Сирија


Набљудувачките групи денеска сооштија дека најмалку 32 припадници на Исламска држаба биле убиени во сириската провинција Рага во серија воздушни напади кои најверојатно ги преземале силите предводени од САД. Организацијата Сириски набљудувачи на човекови права основана во Британија денеска соопшти и дека уште 40 други припадници на ИД се повредени во бомбардирањето. Повеќе од 15 бомби ги погодиле позициите на ИД во североисточната провинција, соопштија набљудувачите. Коалицијата предводена од САД почна со воздушни напади во Сирија пред повеќе од година. Во септември Русија која е сојузник на сирискиот претседател Башар Ал-Асад почна со воздушни напади во земјата наведувајќи дека цели им се Исламска држава и други слични групи.

XS
SM
MD
LG