Достапни линкови

Бангладеш: Уапсени припадници на забранета милитантна група


Полицијата во Бангладеш денеска соопшти дека притвориле тројца осомничени членови на забранетата бунтовничка група во интензивираните акции на безбедносните сили за пронаоѓање на исламистички екстремисти. Тројцата биле припадници на забранетата група Џамаат-ул-Муџахедин. Тие биле уапсени вчера во Дака.
Бангладеш го зафати бран на исламистички насилства годинава во кој беа убиени двајца странци, четворица секуларни писатели и еден издавач. Џамаат-ул-Муџахедин се смета дека стои и зад актуелните напади меѓу кои и бомбашкиот напад на шиитскиот храм убиството на еденполицаец. За некој од нападите одговорноста ја презема Исламска држава.
Тензиите во Бангладеш се зголемија откако премиерот Шеик Хасина почна акција против милитантите и изнесе неколку лидери пред суд поради воени злосторства извршени за време на војната за независност од Пакистан во 1971 година.

XS
SM
MD
LG