Достапни линкови

logo-print

Ирански режисери бараат ослободување на својот колега


Повеќе од 135 ирански режисери напишаа писмо во кое бараат од судството во државата да го ослободи режисерот кој во октомври беше осуден на шест години затвор и 223 удари со камшик. Кајван Карими, 30 годишен ирански курд беше осуден од револуционерниот суд во Техеран за “ навреда на светото” во неговиот документарен филм за политичките слогани напишани на ѕидовите на зградите во Техеран. Тој е на слобода до сослушувањето пред Апелациониот суд закажано за 23 месецов но казната ќе биде спроведена доколку го загуби случајот.
Во иранскиот револуционерен суд судењата не се јавни, нема порота а едиснтвениот судија ја кажува пресудат често и за само неколку минути.

XS
SM
MD
LG