Достапни линкови

logo-print

Варшава ја разгледува програмата за нуклеарна размена


Официјален претставник на полското министерство за одбрана рече дека Варшава разгледува дали да побара пристап до нуклеарно оружје преку програмата на НАТО која вклучува ненуклеарни земји да позајмат оружје од Соединитети Американски Држави. Полскиот заменик-министер за одбрана за приватната телевизија Полсат вчера рече дека прашање се дискутирало во министерството. Ваквиот развој на настаните доаѓа во период на зголемени грижи во Полска и другите балтички земји поради руското воено засилување во регионот и улогата на Кремљ во украинската криза.
Коментарот на заменикот министер е пев од полски официјални лица во кој се наведува дека Варшава ја разгледува т.н. програма на НАТО “нуклеарна размена” во обид да ја засили одбраната на земјата. Само три држави од 28 земји членки на алијансата имаат нуклеарни капацитети- Соединетите Американски Држави, Франција и Велика Британија.
Но Германија, Белгија, Италија, Холандија и Турција на своја територија имаат американско нуклеарно оружје како дел од програмата за нуклеарна размена.

XS
SM
MD
LG