Достапни линкови

ИД ја презема одговорноста за експлозијата во Јемен


Милитантите од Исламска држава ја преземаа одговорноста за експлозијата во Јемен во која загина гувернерот на провинцијата Аден заедно со своите шест телохранители. Јеменските безбедносни власти соопштија дека гувернерот Гафар Мухамед патувал кон неговата канцеларија рано денеска кога бил погоден неговиот конвој. Провладините сили поодржани од коалицијата предбодена од Саудијците ги протера шиитските Хути од Аден порано годинава. Но милитантите од ИД и нивните сојузници од локалните ќелии на Ал-Каеда го користат хаосот во Јемен за да зазамат територии на југот и истокот од земјата и имаат зголемено присуство во Аден.

XS
SM
MD
LG