Достапни линкови

Обама ќе се обрати од Белата куќа за заканите од тероризам


Американскиот претседател Барак Обама денеска планира да се обрати во ударен термин на телевизија, а во својот говор да нагласи како ќе обезбеди сигурност за Американците и да зборува за борбатапротив Исламската држава. Ваквото обраќање кое е ретко во американската политика доаѓа неколку дена по убиството на 14 луѓе во Калифорнија. Планирано е тој да се обрати директно од Белата куќа.
Говорот следува и откако Исламска држава соопшти дека брачната двојка која е осомничена дека стои зад нападот во Сан Бернардино се нивни војници. Вчера пак Обама рече дека Соединетите Американски Држави нема да дозволат да бидат тероризирани.
Истражните органи собираат докази за 28 годишниот Сајед Фарук и неговата 29 годишна сопруга Ташфен Малик со потекло од Пакистан.
Двајцата беа убиени по нападот што се случи на 2 декември на забава во Регионалниот центар за социјална заштита во Калифорнија.

XS
SM
MD
LG