Достапни линкови

МВР:Издадени нови 4.396 потврди за азил на странски државјани


Во изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 4.396 странски државјани, од кои 1.822 се од машки пол, 808 се од женски, 1.388 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 378 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопштија денеска од МВР. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 2.314,Ирак 1.179и Авганистан 900. Во периодот од 19.06.2015 до 05.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 309.155 странски државјани, од кои, 176.097се од машки пол, 48.992се од женски, 67.328 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 16.738 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 181.378, потоа Авганистан 74.767, Ирак 31.569, Иран 6.231, Пакистан 5.416, Палестина 2.158,Сомалија 1.276, од Бангладеш 1.253, Мароко 1.317, Конго 514, Алжир 453, Либан 434, Нигерија 279, додека останатите се во помал број.

XS
SM
MD
LG