Достапни линкови

Русија:Наскоро пресуда за обвинетата Украинка


Во Русија до крајот на годината се очекува да заврши судењето на украинскиот воен офицер обвинет за убиство на двајца руски новинари, најави Истражната комисија за случајот. Портпаролот на руската комисија, Владимир Маркин изјави дека очекува строга пресуда за обвинетата украинка Надиа Савченко. Таа се соочува со можна казна од 25 години затвор доколку биде прогласена за виновна за убиство на двајца руски новинари кое се случи во 2014 во источна Украина. Таа е обвинета и за нелегално преминување на руската граница. Савченко ги отфрли обвиненијата и изјави дека била киднапирана од Руси откако била заробена од бунтовниците во Украина кои се поддржани од Русија. Триесет и четири годишната Савченко помина една година во притвор во Русија поради што протестираше со глад повеќе од 80 дена. Во отсуство таа беше избрана за пратенчка во украинскиот парламент.

XS
SM
MD
LG