Достапни линкови

Кери: САД немаат дилеми за поранешната нуклеарна работа на Иран


Американскиот државен секретар Џон Кери рече дека САД никогаш немале какви било сомнежи дека Иран извршувал работи поврзани со нуклеарно оружје. Вистинското прашање е додаде Кери што Техеран ќе прави сега за да се придржува до нуклеарниот договор постигнат во јули меѓу Иран и шесте светски сили. Зборувајќи вчера во Атина тој одби да го коментира извештајот на агенцијата за нуклеарна енергија на Обединетите нации објавен неделава во кој се наведува дека активностите на Иран поврзани со нуклеарно вооружување почнале пред 2003 година и се одвивале до 2009 година. Кери рече дека нуклеарниот договор со Иран става јасно до знаење дека она што се случувало во минатото не смее да се случува и во иднина и дека тоа е вистинското прашање. Според договорот санкциите за Техеран ќе бидат трнати во замена за рестрикции за нивната нуклеарна активност.

XS
SM
MD
LG