Достапни линкови

Состанокот на ОПЕК заврши со неуспех


Цврстото иранско противење на каков било обид да го заузда своето производство на нафта го остави нафтениот картел на ОПЕК поделен и во неможност да се договори за плановите за акција на вчерашниот состанок. Тој заврши со несогласност откако Иран соопшти дека нема да се согласи на ограничувања на производството се додека не го обнови производството кое беше намалено како резултат на санкциите од западните земји воспоставени со години. Неуспехот да се постигне каков било договор за ограничување на светското производство на нафта кое ја надминува глобалната побарувачка од два милиони барели дневно придонесе за зголемување на количините на нафта на пазарот и направи дополнителен притисок врз цените. Цената на Брент нафтата изнесува околу 43 долари за барел што не е далеку од најниската цена достигната за време на големата рецесија во 2009 година.

XS
SM
MD
LG