Достапни линкови

logo-print

Киргистан:Забранет влез за директорката на Хјуман рајтс воч


Киргистанските власти и забранија на директорката на канцеларијата на Хјуман Рајтс воч во Бишкек Михра Ритман да влезе повторно во земјата по нејзиното враќање од Истанбул. Портпаролот на киргистанското министерство за надворешни работи за РСЕ вчера рече дека Ритман го прекршила законот за миграции и затоа и бил одбиен влезот во земјата. Засега нема други детали. Извршниот директор на организацијата Кенет Рот изјави дека забраната за влегување е без преседан и неочекувана и преставува сериозен вознемирувачки знак.Властите во Киргистан треба итно да ја тргнат забраната и да и дозволат на Ритман да се врати во Бишкек и да ја продолжи својата работа, порача тој. Хјуман рајтс воч и претходно посочуваше дека организацијата се соочува со сериозни проблеми за добивање на работни дозволи да канцеларијата во главниот град на Киргистан. Одлуката за забраната за влегување на Ритман доаѓа пред земјата да заземе место во советот за човекови права на Обединетите нации од јануари 2016 година.

XS
SM
MD
LG