Достапни линкови

logo-print

Ирански ајатолах го критикуваше вработувањето жени


Влијателен духовен лидер во Иран го критикуваше како што нарече „бумот во вработувањето жени “ обвинувајќи ги политиките на претседателот Хасан Рохани. Ајатолахот Сејед Јусеф Табатабаи-Неџад кој е главен во централниот град Исфахан праша зошто луѓето секогаш инсистирале жените да работат иако многу од нивните мажи биле невработени. Во исламска држава мажите треба да ја обезбедуваат поддршката за жените а не спротивно, рече тој обвинувајќи го Рохани за спроведување политики кои ги промовираат жените вклучително и охрабрувајќи ги да се вклучат во политика. Вработените жени постигнуваат независност и тоа води до зголемување на разводите, рече ајатолахот, додавајќи дека пазарот на вработувања треба да им дава приоритет на мажите со што ќе се избегнеле брачните проблеми. Тој сугерираше дека решение може да биде забрана жените да се вработуваат во министерствата, во компаниите или во продавниците.

XS
SM
MD
LG