Достапни линкови

Пукањето во Калифорнија се истражува како терористички акт


Претставници на американските истражни органи соопштуваат дека испитуваат дали пукањето на 2 декември во Регионалниот центар за социјална заштита во Сан Бернадино во кое беа убиени 14 луѓе, а 21 беа повредени било акт на тероризам. Истите извори велат дека жената која заедно со нејзиниот сопруг се осомничени дека биле вклучени во масакрот изразила приврзаност на милитантите од Исламска држава на социјалните мрежи. Полицијата ја идентификува двојката како Ташфен Малик и нејзиниот сопруг Сајед Фарук. Вчера Лос Анџелес Тајмс јави дека Фарук исто така имал контакти со најмалку две исламистички групи меѓу кои сириските соработници на Ал-Каеда Нусра фронт и групата ал Шабаб од Сомалија. Директорот на ФБИ Џејмс Коми вчера во Вашингтон рече дека настанот е под федерална истрага за тероризам. Причината за тоа како што соопшти Коми е во тоа што имало индикации за радикализација на убијците и за потенцијална инспирација од надворешни терористички организации.

XS
SM
MD
LG