Достапни линкови

Молдавија бара Русија да ја повлече војската од Трансдњестер


Молдавскиот министер за надворешни работи Наталија Герман

Молдавскиот министер за надворешни работи Наталија Герман

Молдавскиот министер за надворешни работи Наталија Герман ја повика денеска Русија да ги повлече своите трупи од отцпениот регион Трансдњестер. Говорејќи на министерскиот совет на ОБСЕ во Белград таа истакна дека Русија треба во согласност со меѓународните обврски да помогне во трансформацијата на моменталната мировна операција во Трансдњестер во цивилна мисија со меѓуанроден мандат.

Таа додаде дека меѓународните разговори за решение на прашањето мора да продолжат. Русија вети дека ќе повлече 1500 војници кои се распоредени во регионот од времето на Советската ера.

XS
SM
MD
LG