Достапни линкови

Специјалното обвинителство со истрага за изборните измами


Изборните нерегуларности кои произлегуваат од незаконски следените комуникации се првите предмети за кои Специјалното јавно обвинителство ќе покрене истражна постапка. Ова денеска го најави обвинителката Ленче Ристоска која е дел од тимот на специјалнта обвинителка Катица Јанева.

Според Ристоска, на Специјалното јавно обвинителство денеска му биле доставени сите предмети отворени во Основното јавно обвинителство поврзани со скандалот со прислушување, вклучително и за случајот Пуч во кој еден од обвинетите е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Ристоска информира и дека дека во наредниот период до сите државни органи и иматели на докази ќе бидат доставени барања за доставување на докази поврзани со изборните нерегуларности.

XS
SM
MD
LG