Достапни линкови

Напаѓачот во Калифорнија изразил лојалност на ИД


Еден од напаѓачите обвинет за убиство на 14 лица во Калифорнија бил поддржувач на милитантната група Исламска држава. Пакистанката Ташфин Малик на интернет објавила лојалност на лидерот на милитнатната група. Таа заедно со нејзиниот сопруг Сјед Фарук се обвинети за масакрот во Регионалниот центар за социјална заштита во Сан Бернадино при кој беа повредени и 21 лице.

Тие беа убиени од полицијата кратко по инцидентот. Властите соопштија дека убиствата можеби се инспирирани од Исламската држава, но се уште нема докази дека милитантната група е директно поврзана со нападот.

XS
SM
MD
LG