Достапни линкови

САД сигурни дека Иран работел на нуклеарно оружје


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денеска дека САД никогаш немале сомнеж оти Иран работел на нуклеарно оружје. Според него, клучното прашање е дали Техеран сега ќе направи се за да се придржува до нуклеарниот договор постигнат во јули со шесте светски сили.

Тој за време на посетата на Атина одби да го коментира неделниот извештај на нуклеарната агенција на ОН дека активностите на Иран поврзани со нуклеарни експлозиви биле извршени пред 2003 година, а некои продолжиле и до 2009 година. Според Кери, договорот е обезбедување дека тоа што се случило во минатото нема да се повтори во иднина.

XS
SM
MD
LG