Достапни линкови

Курц-Западен Балкан да биде во фокусот на ЕУ


Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц

Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц изјави денеска дека на Европската унија е и потребен Западен Балкан за надминување на предизвиците на иднината. Тој на отворањето на конференцијата на експерти на ЕУ и Западен Балкан, нагласи и дека Западен Балкан мора да биде во фокусот на идната глобална стратегија на Унијата.

Според него, многу нивни предизвици, како што е актуелната бегалска криза, директно се поврзани со Западен Балкан. Курц истакна дека европска перспектива за Западен Балкан, како поттик за реформите, денеска е поважна од кога и да е за стабилноста на регионот и на Унијата.

XS
SM
MD
LG