Достапни линкови

Кери на средба со Ципрас во Атина


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери на почетокот од денешната средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина изјави дека САД сакаат да и помогнат на земјата да излезе од економската криза. Тој истака и дека го цени начинот на кој им приоѓаат на напорите за економските реформи и предизвиците на долгот. Ципрас му одговорил дека Грција останува поле на стабилност во регионот. Според најавите, главни теми на разговорите на Кери со грчките власти ќе бидат билатералните односи меѓу Атина и Вашингтон, енергетски прашања, бегалската криза, како и кипарскиот проблем.

XS
SM
MD
LG