Достапни линкови

logo-print

Кој стравува од меѓународната правда на Косово


Американскиот државен секретар Џон Кери завчера во Приштина рече дека доколку Косово сака да има силна демократска иднина, треба да ги третира сите граѓани на еднаков начин, без оглед на постојните разликите. Кери додаде дека Косово треба да ја исполни својата обврска и да формира Специјален суд за воени злосторства за решавање на случаите кои произлегуваат од конфликтот, со цел да дојде до помирување. Но, според косовски аналитичари, тоа не им одговара на сите.

Американскиот државен секретар Џон Кери во средата во Приштина повторно го отвори прашањето за формирање на Специјален суд што е запрено поради тримесечната блокада од страна на опозицијата во парламентот, поради незадоволство од договорите со Србија и Црна Гора за Здружување на општините со српско мнозинство и за демаркација. Собранието на Косово кон крајот во август го донесе потребното законодавство за воспоставување Специјален суд.

Тоа е дефинитивно во позадина на сето она што се случува на Косово. Овие лица сакаат да се наметнат како неопходни за враќање на мирот и стабилноста во земјата.

Но, она што требаше да следи беше меѓународна спогодба меѓу Косово, ЕУ и земја домаќин на судот, најверојатно Холандија, а потоа и ратификација на таквата спогодба во Собранието на Косово. Меѓутоа, Собранието на Косово е под блокада на опозицијата. Државниот секретар на САД порача дека Собранието е храм на демократијата, место каде што треба да има дебата, а не место каде што ќе се фрла солзавец.

Косовските аналитичари, пак, сметаат дека на поединци во Косово им одговара оваа политичка криза, затоа што со неа се одложува воспоставувањето Специјален суд за воени злосторства. Како што тие наведуваат, станува збор за поединци од власта и од опозицијата, кои можат да бидат предмет на истрага на овој суд. Аналитичарот Халил Матоши верува дека зад оваа криза се лица кои имаат проблеми со меѓународната правда.

„Тоа е дефинитивно во позадина на сето она што се случува на Косово. Овие лица сакаат да се наметнат како неопходни за враќање на мирот и стабилноста во земјата. Целта им е преговори со меѓународната заедница“, вели Матоши за Радио Слободна Европа.

И аналитичарот Имер Мушколај е на мислење дека целта на оваа криза е што е можно подолго да се одложи формирањето на Специјалниот суд, да се наметне потребата од избори за решавање на политичката криза и да дојде до промена на политичката сцена на Косово.

Тој вели дека многу зависи од решеноста на САД и ЕУ, бидејќи ниту една од страните не е навистина посветена на спорните договори на Заедницата на општини со српско мнозинство и демаркацијата со Црна Гора.

Специјалниот суд за воени злосторства, инаку, треба да ги истражува наводите од извештајот на Дик Марти за трговија со човечки органи од српски цивили од страна на поранешни припадници на ОВК во периодот од 1998 до 2000 та година.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG