Достапни линкови

Русија почна испорака на ракетни системи С-300 на Иран


Русија почна да му испорачува на Иран ракетни системи за противвоздушна одбрана С-300. Ова го соопшти Владимир Кожин, советник на претседателот Владимир Путин за трговија со оружје, не изнесувајќи повеќе детали. Русија во 2010 година го замрзна договорот за испорака на ракетните системи на Иран, почитувајќи ја одлуката на ОН за санкции против Техеран.

Путин ја укина суспензијата оваа година, по постигнувањето на договор меѓу Иран и шесте светски сили за запирање на нуклеарната програма на оваа земја во замена за прекинување на меѓународните санкции. Во минатиот месец официјални лица соопштија дека Русија и Иран постигнале спогодба за испорака.

Овој договор е повод за голема загриженост на Израел и други земји во регионот, како и САД, кои на тоа гледаат како на дестабилизирачки фактор.

XS
SM
MD
LG