Достапни линкови

Кери- се поверојатен договор за обединување на Кипар


Расте веројатноста за постигнување спогодба со која ќе ја заврши поделеноста на Кипар, а која е реалност на островот повеќе од 40 години, изјави во Никозија американскиот државен секретар Џон Кери. Повеќе од било кога порано сум убеден дека сме блиску до решение за проблемот со поделеноста на Кипар, рече Кери, откако вчера имаше одделни средби со грчки и турски претставници на островот.

Надежите за спогодба пораснаа откако лидерите на двете заедници во мај ги обновија мировните преговори под покровителство на ОН.

Во последните месеци стана јасно дека ситуацијата почна да се менува и дека е забележан видлив напредок, изјави Кери, кој подвлече дека САД од највисоко ниво го следат развојот на кипарското прашање.

Кипар е поделен од 1974 година, кога неговиот северен дел беше окупиран од Турција како одговор на националистичкиот државен преврат, што имаше за цел островот да го приклучи кон Грција, а кој предизвика вознемиреност меѓу турското малцинство на островот.

XS
SM
MD
LG