Достапни линкови

Попоски: тероризмот нема да победи


Тероризмот не треба и нема да победи, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски во обраќањето на Министерскиот совет на ОБСЕ во Белград. Попоски, како што соопшти Министерството за надворешни работи, се осврнал на посветеноста на Република Македонија за имплементирање на целите на ОБСЕ, особено оние за борба против тероризмот и радикализацијата.

Во вториот дел од сесијата шефот на македонската дипломатија укажал на македонските напори за справувањето со мигрантската криза.

Сегашната мигрантска криза претставува голем хуманитарен, социјален и безбедносен предизвик со кој се соочува голем дел од Европа. Ова има потенцијал и за негативен ефект врз односите меѓу земјите членки на ОБСЕ. Проблемот ги надминува националните граници и оттука е потребна глобална и координирана акција, а на тоа конечно се работи интензивно. Тоа охрабрува, но сеуште е далеку од одржливо решение, потенцирал Попоски.

XS
SM
MD
LG