Достапни линкови

logo-print

Времето сончево со магла по котлините


Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Температурата ќе се движи од девет до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 11 степени.

Во наредниот период ќе се задржи стабилно и суво време со релативно високи дневни температури. Поради слабо изразените воздушни струења, по котлините и речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните часови, а во овие места се очекува и температурите да бидат најниски.

XS
SM
MD
LG