Достапни линкови

Протест на опозициски партии во Приштина


Косовските опозициски партии, кои се против формирањето Заедница на српски општини, денеска протестираа пред полицијата во центарот на Прштина за ослободување на петмина пратеници од нивните редови. Тие носеле транспаренти со натписи „Слобода за пратениците! Долу диктатура!“ и „Нема насилство кое ќе не сопре“.

Опозициските пратеници во повеќе наврати ја прекинуваа седницата на парламентот со фрлање на солзавец. Петмината пратеници се уапсени под обвинение за предизвикување на општа опасност, а меѓу нив е и поранешниот лидер на Самоопределување, Албин Курти.

XS
SM
MD
LG