Достапни линкови

Ѓукановиќ-Членството во НАТО ќе има позитивен ефект


Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави денеска дека членството на неговата земја во НАТО не е инспирано со спротивставување на било кого. Според него, членството во НАТО ќе има позитивен ефект за целото црногорско општество. Тоа, како што наведува Ѓукановиќ, ќе ја зајакне стабилноста на земјата, а ќе претставува и поттик за натамошните реформи и напредок во преговорите со ЕУ. Тој нагласи и дека примерот на Црна Гора потврдува како времињата на големи глобални предизвици можат да бидат времиња на големи исчекори.

XS
SM
MD
LG