Достапни линкови

Скопска ТАКСИРАТ ситуација 2015


ЛАЈБАХ, САБАТОН, МОУДСТЕП, САФ и Тони Китановски ЛИТЛ БИГ БЕНД, ТУ ЧЕЛОС и ЛА ПЕГАТИНА, се артистите и бендовите кои, овој понеделник, на 7 декември, во „Метрополис арена“ во Скопје, ќе треба да стават точка на годинешното 17-то издание на „Таксират“, манифестацијата која и натаму, со право, ќе котира исклучително високо на листата на европските фестивали во затворен простор.

Распослан во десет дена, од 27 ноември до 7 декември, со серија исклучително интересни дебати на втората ПИН-музичка конференција, возобновениот „Лузер фест“ како полигон за промоција на младите сили, распродадените концерти на Дарко Рундек КАРГО ТРИО и ТУ ЧЕЛОС, згора на тоа и на проектот „Ѓурологија“ на босанскиот актер и некогашен рок музичар Бранко Ѓуриќ, ретро-кабарето, Светскиот ден на волонтери со одбележување на двете децении од ПИ ЕМ ЏИ КОЛЕКТИВ и првата декада од нивниот деби концерт и згора на тоа со СЕТСТАТ, Д ЏОН, Роботек, Нино Наумов и Дарко Јорданов како артисти зад кои стои оваа агилна издавачка етикета, 17-от „Таксират“ уште сега, без нималку двојба, можеме да го оцениме како исклучително успешен.

Ние како „пензиониран бенд“ кој не постои и твори долго време, оваа година одбележавме 15-годишнина и најверојатно таа енергија од нашиот самостоен концерт допринесе да се решиме да направиме една, условно кажано, „реприза“. Затоа и го направивме и целово ова комбо ново и свежо и С.А.Ф да прозвучат некако поразлично и свежо од она на кое што навикнале да не слушаат нашите фанови.

Како случување кое ја подгрева надежта дека не е згаснат урбаниот дух на градот кој стенка под оковите на простотилакот од секаква провиниенција и дека се уште е жива и пулсира потребата за духовна хигиена на генерациите.

Конечно, за да се стави точка на таквата мисла, ќе треба да се погрижат ЛАЈБАХ, САБАТОН, МОУДСТЕП, САФ и Тони Китановски ЛИТЛ БИГ БЕНД, ТУ ЧЕЛОС и ЛА ПЕГАТИНА, кои на 7 декември, во „Метрополис арена“, ако се послужиме со мотото на организаторот на случувањето – Пасворд продукција, ќе треба да тргнат жестоко и да креираат атмосфера во која наново Скопје ќе биде превртено наопаку.

И, кога сме веќе тука – малку фактографија.

САБАТОН, шведската пауер-хевиметал атракција, денес го има ореолот на еден од најголемите планетарни бендови од овој домен и редовно настапува како предводник на големите светски фестивали. Добитници се на многу награди вклучувајќи ја и онаа на престижниот „Метал хамер“, а претпоследната објава „Carolux Rex“ (2012) ја продадоа во платинест тираж. Седмиот и актуелен студиски албум „Heroes“ излезе во 2014 година и со него групата досега има отсвирено над 150 концерти ширум светот.

Култниот словенечки бенд ЛАЈБАХ е дефинитивно светски најпозната и најконтроверзната арт-дружина од регионов. Моќни во изразот, критички настроени кон тоталитаризмот, со перформас кој еквилибрира помеѓу крајните граници на естетиката на фетишизмот и милитаристичката иконографија, тие во изминативе 35 години колку што се на сцена израснаа во предводници на самомислечките и бунтовни луѓе било каде во светот. По неодамнешниот настап во Северна Кореја „како единствен запаен бенд кој добил дозвола за тоа“, еве ги повторно на „Таксират“ со новиот одличен студиски албум по осумгодишната пауза - „Spectre“.

ЛА ПЕГАТИНА е, пак, еден од најактивните и најжестоките каталонски бендови кој, за кратко време, со својата жестока енергија ја освои публиката. Зад себе имаат повеќе од 15 признанија и награди за „најдобра група“, „албум“...„меѓународна турнеја“ и најважно „најдобар концертен настап“. Така овенчани, во Скопје доаѓат да го промовираат актуелниот и нивни досега најдобар долгосвиречки проект „Revulsiu“.

За ТУ ЧЕЛОС, или ако милувате Лука Сушиќ и Стјепан Хаузер, хрватските инструменталисти кои од ју-тјуб атракција во 2011 израснаа до светска сензација, не треба да се трошат зборови. Доволно е само да се спомне изјавата на Сер. Елтон Џон кој вели дека “не видел ништо повозбудливо од времето кога го гледал Џими Хендрикс во 1960-те“. Не ги видовме на „Охридско лето“ , но затоа по самостојниот концерт ќе ги има и на финалната вечер на „Таксират“.

Од друга страна, по неодамнешната повратничка концертна експлозија – еден од перформансите кои влегува во аналите на домашната субкултурна сцена, од исклучително значење е пројавата на С.А.Ф на ова случување. Во оваа пригода Смилен Димитров, Гоце Трпков и Митко Гаштаровски, по прв пат со врвни инструменталисти зад себе – џез гитаристот Тони Китановски и неговиот ЛИТЛ БИГ БЕНД, ќе го презентираат култниот „Сафизам“, албумот кој културолошки, музички и метафизички ја претстави македонската хип-хоп сцена на достојно ниво и беше инспирација за идните генерации.

„Ние како „пензиониран бенд“ кој не постои и твори долго време, оваа година одбележавме 15-годишнина и најверојатно таа енергија од нашиот самостоен концерт допринесе да се решиме да направиме една, условно кажано, „реприза“. Затоа и го направивме и целово ова комбо ново и свежо и С.А.Ф да прозвучат некако поразлично и свежо од она на кое што навикнале да не слушаат нашите фанови“, ќе рече во предвечерието на концертот Пикисипи.

Гоце, пак, знае да каже дека направиле фузија која што неминовно мора да се чуе. Дека публиката треба да очекува повторно тврд, бумбап, хип-хоп звук кој сега добил некоја дополнителна емоција и најавува дека проектот нема да застане тука.

А Китановски, кому не му се туѓи ваквите авантури бидејќи и досега на неколку пати со вакви форми се пројавувал во јавноста, откако ќе потсети дека и рап и џез музиката се под влијание на созвучјата на Африка, потенцира дека на естетско и на музичко човечко ниво членовите на С.А.Ф му се многу поблиски од мнозина џезери во градот.

Едноставно ние многу брзо се најдовме и затоа едвам чекам да се искачиме на сцена бидејќи филингот е многу поразличен кога ќе се најдеш пред публика и со неа треба да ги споделиш своите идеи, размисли и емоции. Ритамот што пулсира во тебе и те тера на акција.

И, конечно длабоко во „просветителската ноќ“ спроти вторник, за трошење на последните атоми на сила е предвидено со својот диџеј-сет да се погрижат британците МОУДСТЕП, кои само со песните од своето првенче имаат над 100 милиони прегледувања на интернет, а згора на тоа само што се забревтаа по обелоденувањето на потентниот „London Road“.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG