Достапни линкови

logo-print

Починал мигрант на македонско-грчката граница


Новинските агенции јавуваат дека тело на мигрант, најверојатно Мароканец, е најдено на пругата на македонско грчката граница на територија на Грција каде во последниве два дена се интензивираа судирите со економските мигранти кои секојдневно се обидуваат да ја заобиколат металната ограда и да влезат во Македонија за да го продолжат патот кон ЕУ. Според агенциите, најверојатно станува збор за струен удар.

Околу 1500 мигранти од Мароко, Иран и Пакистан се заглавени на грчката граница кај Идомени. Македонската полиција синоќа употреби солзавец против мигрантите кои фрлале со камења врз неа и кои барале да преминат на територијата на земјата.

XS
SM
MD
LG