Достапни линкови

Кери по Приштина во Белград


Американскиот државен секретар Џон Кери во Белград се сретна со српскиот премиер Александар Вучиќ. Притоа, Кери го пофали Вучиќ за отворањето на преговорите со Косово и за неговите обиди, како што рече, „да го остави минатото на минатото“. Претходно, државниот секретар Џон Кери престојуваше на Косово, каде што на аеродромот во Приштина имаше средба со косовскиот премиер Иса Мустафа. Тој притоа ги повика опозициските лидери да прекинат да активираат солзавец во парламентот, а од владата да се држи до нејзиниот план за намалување на етничките поделби.

XS
SM
MD
LG