Достапни линкови

Британија почна воздушни напади врз ИД во Сирија


Дејвид Камерон

Дејвид Камерон

Британските сили, само неколку часа откако парламентот донесе одлука за тоа, започнаа воздушни напади врз милитантната група Исламска држава во Сирија. Авиони од типот Торнадо полетале од базата на Кипар при што нападнале цели на милитантите во Сирија. Британија веќе учествува во воздушните напади против ИД во Ирак, а парламентот вчера донесе одлука и за приклучување на меѓународната воздушна кампања во Сирија која е предводена од Соединетите држави. Премиерот Дејвид Камерон оцени дека тоа ќе придонесе за поголема безбедност на Британија и за слабеење на силите на милитантите на Исламската држава одговорни за неодамнешните напади во Париз, Анкара и на други места. Лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин беше против оваа одлука но 60 пратеници од неговата партија сепак ја поддржаа.

XS
SM
MD
LG