Достапни линкови

Во Калифорнија најмалку 14 убиени


Полицијата синоќа соопшти дека најмалку 14 луѓе биле убиени, додека 17 други биле ранети во оружен напад во Сан Бернардино, град во јужна Калифорнија. Полицијата прецизира дека најмалку три вооружени лица влегле во Регионалниот центар за социјални работи во Сан Бернадино, кој се наоѓа источно од Лос Анџелес при што отвориле оган. Тие потоа со автомобил го напуштиле местото на злосторството по што полицијата почнала да ги следи. Безбедносните сили во престрелката до која дошло подоцна успеале да убијат двајца осомничени, меѓу кои и една жена. Според некои наводи еден од напаѓачите бил уапсен. Полицијата соопшти дека била во потрага по уште еден осомничен. Се уште не е познат мотивот на ова уште едно масовно убиство во Соединетите држави. ФБИ не ја исклучува можноста дека станува збор за акт на тероризам.

XS
SM
MD
LG