Достапни линкови

logo-print

Кери ги повика косовските политичари на дијалог


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска изјави дека на солзавецот не му е место во косовскиот Парламент, при што формирањето на Специјален суд за воени злосторства на ОВК ќе доведе до стабилизација на односите во земјата.

Тој по едночасовниот разговор со претставници на косовските власти и претставник на косовските Срби на приштинскиот аеродром истакна и дека треба да се најде заеднички јазик во политиката и дијалогот е решение за сите проблеми. Кери вети дека Вашингтон тесно ќе соработува со Косово за да ја спречи опасноста од насилен екстремизам, финансирање на тероризмот и враќањето на борците од Сирија.

XS
SM
MD
LG