Достапни линкови

Ѓукановиќ-Поканата во НАТО е резултат на сериозна работа


Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека поканата во НАТО е резултат на сериозната работа на остварување на стратешките цели на земјата. Според него, тоа е круна на долгогодишните државни напори и процеси на севкупните реформи започнати во 2006 година.

Поканата на Црна Гора, како што наведе ја потврдува кредибилната политика на отворени врати и силата и визијата на Алијансата. Тој истакна и дека се свесни оти пред нив е уште еден дел од патот до полноправно членство во Алијансата, но сигурен е дека ќе го поминат квалитетно и брзо, како што ги исполнувале и досегашните обврски.

XS
SM
MD
LG