Достапни линкови

САД го информирале Ирак за дополнителната војска


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денеска дека Багдад бил целосно информиран за плановите на неговата земја да распореди војска во Ирак. Кабинетот на ирачкиот премиер Хаидер Ал Абади претходно соопшти дека владата ќе мора да одобри распоредување на било кои специјални сили низ земјата.

Според соопштението, странски војници не се потребни во Ирак, но не е јасно дали операциите на американските сили во земјата спаѓаат во таа категорија. Кери нагласи и дека двете влади ќе се консултираат за тоа каде американските сили да бидат распоредени и што ќе биде нивната задача.

XS
SM
MD
LG