Достапни линкови

logo-print

Иванов и честита на Црна Гора за поканата во НАТО


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов кој денеска упати честитки до Црна Гора за поканата да стане членка на НАТО изјави дека Алијансата постојано повикува дека мора да биде почитувано меѓународното право и сите преземени обврски, а според него тоа треба да се однесува и на Македонија.

Тој во телефонски разговор со со претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ изразил очекување дека Алијансата ќе ја има предвид новата реалност и сето она што до сега Македонија го остварила на патот на нејзиното членство. Според него, мора да се има предвид дека Македонија одамна ги има исполнето сите услови кои се предвидени за членство за НАТО, но поради блокадата од Грција се уште е во статус-кво состојба.

XS
SM
MD
LG