Достапни линкови

Лавров не би одбил средба со Чавушоглу


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека не би одбил средба со неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу во Белград. Средбата на министерскиот совет на ОБСЕ во Србија ќе се одржи утре и задутре. Според Лавров, Чавушоглу инсистирал да се разговара со него на маргините на средбата. Тој истакна дека нема да избегне контакт со Чавушоглу за да слуште што тој има да му каже. Односите меѓу Русија и Турција се нарушени по соборувањето на рускиот борбен авион од турската војска.

XS
SM
MD
LG