Достапни линкови

Русија против проширување на НАТО


Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков предупреди денеска дека продолжувањето на проширувањето на НАТО на истокот ќе резултира со одмазднички мерки. Изјавата на Песков доаѓа откако земјите членки на НАТО ја поканија Црна Гора да и се приклучи на Алијансата.

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека проширувањето на НАТО не е насочено кон Русија. Според него, НАТО не е закана за никого, туку е одбранбена алијанса со цел да се обезбеди сигурност на земјите членки. Тој нагласи дека организацијата не е фокусирана ниту на Русија, ниту на некој друг.

XS
SM
MD
LG