Достапни линкови

Јолевски-Поканата за Македонија во НАТО ќе дојде наскоро


Министерот за одбрана Зоран Јолевски

Министерот за одбрана Зоран Јолевски

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска и ја честита поканата за членство на Црна Гора во НАТО. Toj изрази уверување дека поканата за Македонија ќе дојде наскоро и на тоа интензивно се работи. На прашањето дали Македонија ќе остане единствена изолирана во регионот иако ги исполнува сите можни критериуми, Јолевски нагласи дека земјата ќе продолжи на патот за целосна интеграција во Алијансата.

Според него, Македонија ги исполни условите за да добие покана за полноправно членство во Алијансата уште во 2008 година на Самитот во Букурешт, но, заради познатата пречка се уште не може да ја добие поканата.

XS
SM
MD
LG