Достапни линкови

Црна Гора поканета во НАТО


Одлуката на министерскиот совет на НАТО за Црна Гора ја соопшти генералниот секретар Јенс Столтенберг кој изјави дека станува збор за историска одлука. Тој додаде дека НАТО ја продолжува политиката на отворена врата за сите други кои сакаат да станат членки на Алијансата. Тоа според него ќе ја зголеми безбедноста, како и стабилноста и демократските вредности во регионот. Шефот на црногорската дипломатија Игор Лукшиќ изјави дека станува збор за важен чекор не само за неговата земја, туку и за регионот.

XS
SM
MD
LG