Достапни линкови

Закерберг подарува поголем дел од богатството


Марк Закерберг

Марк Закерберг

Основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Закерберг вчера објави дека се откажува од поголемиот дел од неговото богатство. Тој и неговата сопруга Присила Чен соопштија дека 99 насто од околу 45 милијарди долари ќе ги дале во нова организација „Иницијатива Чен Закерберг“ која ќе се бори против болестите и сиромаштијата во светот. Објавата е содржана во писмо објавено на Фејсбук кое е адресирано до неговата ќерка Макс која се роди во минатата недела.

XS
SM
MD
LG