Достапни линкови

Ирак не сака повеќе војници на САД против ИД


Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади изјави дека нема потреба Соединетите држави да испраќаат дополнителни специјални сили за да се борат против милитантите на Исламската држава. Според него, претходно за такво нешто требало да се побара дозвола и од Багдад. Абади ова го изјави откако американскиот секретар за одбрана Еш Картер го извести Конгресот дека Вашингтон ќе испрати 200 припадници на специјалните сили во операциите против ИД и оти тие би биле сместени во ирачкиот автономен курдски регион. Абади додаде дека Ирак имал доволно војници за да се справат со милитантите.

XS
SM
MD
LG