Достапни линкови

logo-print

САД: работиме со Грција на прашањето за името на Македонија


Американскиот државен секретар Џон Кери по денешниот министерски состанок на НАТО во Брисел заминува на балканска турнеја во рамките на која ќе ги посети и Косово, Србија и Грција. Утре Кери ќе ја посети Приштина каде што, според соопштението, ќе разговара за билатерални и регионални прашања. На 3 декември тој заминува за Белград на состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ, а истиот ден оди на Кипар. На 4 декември Кери во Атина ќе се сретне со грчките лидери. Стејт департментот соопшти дека ова е првата можност на државниот секретар да има билатерална посета во Атина при што ќе разговара со премиерот Алексис Ципрас. Главни теми ќе бидат Кипар и бегалската криза. „Ние работиме со Грција на многу полиња од борбата против милитантите на ИД до прашањето за името на Македонија“, соопшти Стејт департментот.

XS
SM
MD
LG