Достапни линкови

Зошто ВМРО ДПМНЕ ги напушти преговорите за медиумите?


Партијата во соопштението не наведува кои се причините за нејзиното денешно напуштање на преговорите во Клубот на пратениците, ниту пак какви се нејзините планови по однос на ова прашање.

Незадоволството на владејачката партија од неприфаќањето на нивните предлози за регулирање на медиумската сфера се причина поради која ВМРО ДПМНЕ ги напушти денеска преговорите во Клубот на пратениците, изјавил посредникот Питер Ван Хауте за информативниот портал Нова.

„ВМРО-ДПМНЕ ги напуштија преговорите, ја разбирам нивната лутина и фрустрација, но ние се согласивме да ги прифатиме европските стандарди кои се однесуваат на медиумите. Според тоа, секој треба да ги прифати овие договорени стандарди и од тоа всушност зависи иднината на медиумите. Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на преговарачката маса и ќе постигнеме согласност,“ изјави Ванхауте за НОВА.

Заев и СДСМ под итно треба да ги повторат основните лекции за демократија и човекови права. Фашистичкиот предлог на Закон за медиуми кој е произлезен од тоталитарниот ум на Зоран Заев кој денес го виде целата јавност нема да го види светлото на денот“, се наведува во соопштението.

Во меѓувреме политичките партии преку неколку соопштенија се обвинуваат меѓусебно за узурпирање на слободата на медиумите.

Нема да дозволиме фашизам во Македонија, е наведено во последното соопштение на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ кое го објави како реакција на тврдењето на опозициската СДСМ дека таа ги напуштила преговорите за реформи во медиумската сфера водени со меѓународно посредништво. Во соопштението владејачката партија ја обвинува СДСМ дека сака да ја узурпира и укине слободата на медиумите и да дејствува спротивно од европските стандарди.

Партијата во соопштението не наведува кои се причините за нејзиното денешно напуштање на преговорите во Клубот на пратениците, ниту пак какви сенејзините планови по однос на ова прашање.

Во моментот, став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како Сител, Канал 5, Алфа, Дневник и МРТВ, изјави Заев.

Во последното соопштение владејачката партија ги повикуваа СДСМ и нејзиниот лидер Заев да престанат, како што наведуваат, со заканите кон медиумите и со обидите да ја укинат слободата на говор.

„Заев и СДСМ под итно треба да ги повторат основните лекции за демократија и човекови права. Фашистичкиот предлог на Закон за медиуми кој е произлезен од тоталитарниот ум на Зоран Заев кој денес го виде целата јавност нема да го види светлото на денот“, се наведува во соопштението.

Ваквите ставови доаѓаат откако денеска Заев на прес конференција посочи одредени медиуми како непријатели на СДСМ.

„Зависноста на медиумите, знаат и малите деца од кој е, од страна на извршната власт. Во моментот, став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како Сител, Канал 5, Алфа, Дневник и МРТВ. Вие не сте наши политички непријатели, вие сте медиуми кои меѓу другото се финансирани делумно и од пари на граѓаните,“ рече Заев.

По ова и уредниците на овие медиуми бараат средба со амбасадорите кои учествуваат во преговарачкиот процес ипрекин на преговорите за медиумите се додека раководството на СДСМ ја извршува оваа функција.

Претходно белгискиот посредник на брифинг ја презенираше платормата за предлог закон за подобрување на медиумската состојба. Тој предлагачленовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги да се избираат со двотретинско мнозинство во Собранието, да бидат професионалци и експерти со поддршка од фелата.

Секој истакнат професионалец во оваа област треба да обезбеди поддршка или од две невладини организации, или од едно новинарско здружение, или од два универзитети засегнати од работата на Советот, или од Синдикатот на новинари, за да може да се кандидира како член на Советот, а потоа истиот јавно и транспарентно да биде разгледуван.

Во случај на прекршување од страна на некој медиум првата мерка да биде предупредување, а одземање на лиценца во случај на ригорозни прекршувања. На сличен начин да бидат бирани и членовите на Советот на МРТВ, а буџетот на јавниот сервис да биде еден процент од државниот буџет. Се предлага и намалување на данокот за комерцијалните телевизии од 18 на 5 отсто.

Негативната состојба со македонските медиуми е често мета на забелешки на Европската Комисија и на меѓународните организации. Само во последните неколку години Македонија падна за неколку десетици места на ранг листите на Репортери без граници и Фридом Хаус и спаѓа во земјите со таканаречени хибридни режими.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG