Достапни линкови

logo-print

Русија воведува санкции против Турција


Рускиот премиер Дмитриј Медведев

Рускиот премиер Дмитриј Медведев

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска го потпиша декретот со кој земјата воведува низа санкции кон Турција. Тие се однесуваат на забрана за увоз на прехранбени производи од Турција, како домати, лук, краставици, карфиол, јаболка, круши, грозје, кајсии, праски, сливи и јагоди, како и поединечни месни производи.

Со декретот се забрануваат и чартер летови кон Турција, а се предвидува и зајакнување на безбедносните мерки на редовните авиолинии. Санкциите кои се поради соборување на рускиот борбен авион од турската војска ќе стапат на сила на први јануари. Во нив не е предвидена забрана за увоз на лимон од Турција, како и проектот Турски поток.

XS
SM
MD
LG